петок, 15 ноември 2024

Пендаровски: Посетата на Столтенберг на Западен Балкан ја демонстрира посветеноста на НАТО кон стабилноста на регионот

Севкупната соработка со НАТО во рамки на нашето полноправно членство во Алијансата и можностите за нејзино унапредување, надворешно-политичките приоритети на земјата и актуелните регионални безбедносни прашања и состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина и случувањата на Блискиот Исток, биле во фокусот на средбата на претседателот Стево Пендаровски со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од кабинетот на претседателот, Пендаровски ја истакнал подготвеноста и посветеноста на Северна Македонија, во рамки на своите капацитети, и во иднина активно да придонесува во промовирање на мирот и стабилноста во регионот и пошироко, како и во справувањето со традиционалните и новите закани.

Во таа насока, претседателот Пендаровски го поздравил одржувањето на состанокот на лидерите на НАТО-сојузниците од регионот утре во Скопје.

Тој, меѓудругото, истакнал дека посетата на генералниот секретар Столтенберг на земјите од Западен Балкан уште еднаш ја демонстрира посветеноста на НАТО кон стабилноста и безбедноста на регионот, во време на крупни безбедносни предизвици во нашето пошироко опкружување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ