сабота, 16 ноември 2024
За понеделник е одложена расправата

Партиите ќе се консултираат со Левица која поднесе 1.850 амандмани на собранискиот предлог Деловник

Почетокот на амандманската расправа за предлог-деловникот на Собранието е одложена за понеделник поради дополнителни усогласувања и консултации со подносителите на амандамните, изјави претседателот на Комисијата за деловничко и мандатно-имунитетни прашања Панчо Минов. За предлог-деловникот се поднесени околу две илјади амандамни, најмногу од Левица, а амандмани имаат поднесено и пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и дел се од предлагачот, претседателот на Собранието Талат Џафери. 

Објавено на

часот

Сподели

Консултациите помеѓу пратеничките групи и пратениците на Левица за амандамните почнаа уште вчера, а за нив се разговара и во текот на денешниот ден. 

Најмногу од амандманите околу 1.850 се поднесени од Левица, но нема информација зошто се поднесени во толкав број и што бараат пратениците од оваа партија. Клучни се оние, како што неофицијално велат тие, за филибастерингот.  

Комисиската расправа за Деловникот првично беше закажана за 10 часот, но се одложуваше на секој час. 

Претседателот на Собранието Џафери вчера на брифинг со новинарите изрази очекување дека новиот Деловник да биде донесен со консензус и оти најверојатно ќе биде ставен на дневен ред на новата седница закажана на 2 ноември.

Деловникот ќе се применува од почетокот на новиот собраниски мандат. Првпат по него ќе постапува актуелниот претседател на Собранието Џафери со свикување на конститутивната седница на следниот парламентарен состав. Новина е тоа дека таа седница нема да може да трае повеќе од три дена.

Новиот Предлог – деловник на Собранието е резултат на петгодишни разговори меѓу пратеничките групи од овој и минатиот мандат коишто започнаа во рамки на Жан Моне процесот со посредство на неколкумина европратеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ