недела, 17 ноември 2024
Министерот и претседавачот со ОБСЕ со изјава

Османи: Ужаснат сум од нападот брз болница и училиште во Газа

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, воедно и висок функционер на ДУИ и портпарол на партијата, Бујар Османи преку социјалната мрежа Икс (Х) изрази ужаснатост од гинењето на цивили во Појасот Газа.

Објавено на

часот

Сподели

„Нападот врз болница и училиште во Газа со стотици цивилни жртви е нехуман чин на терор за кој нема оправдување.

Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена. Сторителите на овој чин мора да бидат јасно идентификувани и да одговараат“, напиша Османи на социјалната мрежа Икс.

Претходно, кога започна воениот судир на Блискиот Исток, Османи изрази силна осуда за нападот на Хамас врз Израел и за големиот број загинати цивили.

о

Инаку, движењето Хамас директно го обвини Израел за нападот врз болницата со тврдење дека се загинати над илјада лица, Израел пак тврди дека станува збор за ракета истрелана од Хамас врз израелска теротирија, но која паднала врз болницата. Лекари од болницата соопштија дека се загинати околу 500 лица.

Со силна осуда за израелскиот напад врз болницата се јавија и Алтернатива и Беса, со оценки дека станува збор за терор, за геноцид и со барање за меѓународна истрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ