сабота, 16 ноември 2024
Реакција по една изјава од ВМРО-ДПМНЕ

Османи: И Заев сакаше ДУИ да оди во опозиција, сака и ВМРО-ДПМНЕ, но ние сме волјата на Албанците

„Спомнувањето на ДУИ е спомнување на мнозинската волја на Албанците. ДУИ ги претставува Албанците и тие не се паднати од небо. Некој ги избрал да ги претставуваат Албанците. Мнозинската волја на Албанците е кај ДУИ и затоа овој обид за создавање на меѓуетничка омраза со цел потоа да се искористи емоцијата кај Македонците мислам дека е далекусежно ризично за државата“, изјави министерот и висок функционер на ДУИ како одговор на новинарското прашање да ја коментира изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски дека идната Влада ќе ја формира ВМРО-ДПМНЕ и дека во неа нема да има место за ДУИ. Во отсуство на официјална реакција на ДУИ за националистичките пораки пратени од фудбалскиот натпревар Шкупи-Вардар, Османи прашан за коментар рече дека не ги видел навивачките транспаренти истакнати на стадионот во Чаир.

Објавено на

часот

Сподели

Не е првпат да се бара ДУИ да оди во опозиција, рече Османи и нагласи:.

„Се сеќавам и на изјавите на Зоран Заев на митинзите кога велеше зошто ДУИ да не оди во опозиција и знаме каков беше исходот понатаму. Овој начин на создавање на меѓуетничка омраза со цел потоа да се искористи во добивање на политички поени е премногу ризичен за една мултиетничка демократија како што сме ние. На ВМРО можам да им кажам дека додека е ДУИ и додека е Али Ахмети на Албанците нема да им фали ни влакно од глава. Сите такви закани се безвредни“, рече Османи во одговор на прашање на денешниот брифинг во СЦ „Борис Трајковски“ каде ќе се одржува Годишната конференција на ОБСЕ.

Во отсуство на официјална реакција на ДУИ за националистичките пораки пратени од фудбалскиот натпревар Шкупи-Вардар, Османи прашан за коментар рече дека не ги видел навивачките транспаренти истакнати на стадионот во Чаир.

„Не сум ги слушнал тие пораки. Секоја изјава која што предизвикува етничка нетолеранција е спротивна на законот“, рече Османи.

МКД.мк денеска објави дека на вчерашниот натпревар меѓу екипите на Шкупи и Вардар, на трибините на стадионот во Чаир се појавија пароли со говор на омраза и национализам и дека засега нема реакција ниту од Министерството за внатрешни работи (МВР) ниту од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ