среда, 26 јуни 2024
Признанија и парична награда за најдобрите кои го завршија основното образование

Општина Гази Баба го награди успехот на најдобрите ученици прогласени за првенци на генерацијата

Единаесет ученици од општинските основни училишта во Гази Баба, чиј труд се издвојува од останатите и кој покажале особен интерес и знаење во образовниот процес, добија еднократна парична награда од оваа општина. Се работи за ученици од генерацијата 2024/2025, кои се прогласени за првенци на генерација, а кои утрово беа примени во просториите на општина Гази Баба. Освен по 3.000 денари, секој од учениците кои оваа година го завршуваат основното образование доби и признание од градоначалникот Бобан Стефановски.

Објавено на

часот

Сподели

Во продолжение се имињата на учениците прогласени за првенци на генерација:

Мила Велковска – ООУ Наум Наумовски Борче

Михаил Цветкоски – ООУ Григор Прличев

Милан Стојчевски – ООУ Стив Наумов

Александар Додевски – ООУ Кирил и Методиј

Ангела Ѓорѓиевска – ООУ Наум Охридски

Нух Авдиу – ООУ 25 Мај

Милена Ивановска – ООУ Његош

Бисера Дрндар – ООУ Крсте Мисирков

Андреј Петровиќ – ООУ Крум Тошев

Давид Арнаудов – ООУ Дане Крапчев

Ева Митевска – ООУ Вера Јоциќ.

„Општина Гази Баба е единствената општина во Република Македонија која на учениците кои се прогласени за ученик на генерација им доделува парична награда од 3000 денари и признание за постигнатиот успех. Оваа активност се воведе со моето доаѓање за градоначалник на општина Гази Баба бидејќи наша должност е да го почитуваме и наградуваме успехот на најдобрите ученици, а со тоа да бидеме мотивација за сите останати. Им честитам на учениците за постигнатиот успех и посакувам да продолжат да бидат успешни средношколци, а потоа и студенти“,  напиша Стефковски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ