Генералниот секретар Антонио Гутереш рече дека војната ја влошила несигурноста на набавката на храна во посиромашните земји поради зголемените цени и предупреди дека светот може да се соочи со глад што ќе трае со години доколку украинскиот извоз не се врати на нивото од пред војната.
Конфликтот го прекина извозот од украинските пристаништа, кои порано извезуваа огромни количества сончогледово масло, како и житарки како пченка и пченица.
Ова ја намали глобалната понуда и предизвика пораст на цените. Според ОН, глобалните цени на храната се за речиси 30 отсто повисоки од истиот период минатата година.
Говорејќи во Њујорк во средата, Гутереш рече дека конфликтот „се заканува да турне десетици милиони луѓе преку работ и да предизвика недостиг од храна придружен со неухранетост и масовно гладување“.
„Поради војната во Украина, покрај сите други кризи, на десетици милиони луѓе им се закануваат глад и неухранетост. Има доволно храна за сите во нашиот свет, но мора да дејствуваме заедно, итно и солидарно“, напиша шефот на ОН на Твитер.
The war in Ukraine, on top of all the other global crises, threatens tens of millions of people with food insecurity, malnutrition, mass hunger & famine.
There is enough food in our world for everyone, but we must act together, urgently & with solidarity.
— António Guterres (@antonioguterres) May 19, 2022