сабота, 16 ноември 2024
Еврокомесарот со порака

Очекуваме да се изгласаат уставните измени, рече Вархеи во Европскиот парламент

„Парламентот и Владата се залагаат да почнат и приоритетно да се спроведат релевантните уставни измени. Се надеваме дека сите страни ќе го поддржат тоа за земјата да оди напред“, рече изјави Вархеји, додавајќи дека спроведувањето на уставните измени е суверена одлука и определба на земјата, која дополнително би ги зајакнала основните права“, рече за состојбата во Македонија еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеи во обраќањето пред членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Властите, како што додаде, продолжија да демонстрираат и јавно да ја декларираат својата посветеност за напредок на европскиот пат. „Сега кога започна процесот на пристапни преговори, земјата треба да го забрза темпото на реформи поврзани со зачленувањето во ЕУ“, нагласи еврокомесарот.

Објавено на

часот

Сподели

Според него, загриженост предизвикаа некои измени во Кривичниот законик, кои се однесуваат на голем број случаи на корупција на високо ниво.  

„Зајакнувањето на довербата во правосудниот систем и справувањето со корупцијата, вклучително и преку солидни истраги, гонење и конечни пресуди за случаите на корупција на високо ниво е од клучно значење“, додаде Вархеи. 

Во однос на скрининг процесот еврокомесарот посочи дека тој напредува непречено и дека властите на земјава покажале високо ниво на посветеност во неговата реализација. 

Тој се осврна и на Планот за раст на Западен Балкан, чија цел, како што рече е да се поттикнат економиите на земјите во регионот во следните години со цел да се намали социо-економскиот јаз меѓу нив и членките на Унијата до крајот на оваа деценија. 

„Сакаме постепено да го интегрираме Западен Балкан во единствениот пазар на ЕУ, дури и пред полноправното членство во ЕУ“, изјави Вархеи, додавајќи дека Планот за раст ќе им помогне на партнерите на ЕУ од Западен Балкан да ги забрзаат основните реформи, вклучително и оние поврзани со владеењето на правото и демократијата, како и во привлекувањето приватни инвестиции, промовирање на одржлив економски раст и намалување на загадувањето. 

Според него, долгорочната цел е да му се помогне на регионот да го постигне својот целосен потенцијал во однос на капацитетот за економски и социјален развој во споредба со земјите членки на ЕУ до 2030 година. 

„Накратко, Планот за раст ќе создаде соодветни услови за нашите регионални партнери да станат членки на Унијата“, заклучи Вархеи.

                                                                   Фото: Архива

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ