Тој истакна дека капиталните инвестиции во образованието се зголемени за 115 милиони денари, што ќе биде искористено за изградба и обнова на училишта, модернизација на образовната инфраструктура и создавање подобри услови за учениците.
„Ние сме посветени на создавање на современи образовни установи кои ќе им овозможат на учениците да ги постигнат своите потенцијали во најдобри услови“, изјави Лефков.
Пратеникот, исто така, најави дека образовните работници ќе добијат зголемување на платите за 7% со мартовската плата, со што ќе се обезбеди континуиран раст на нивните примања во следните години.
Тој најави и енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови, за што се обезбедени шест милиони евра.
„Реконструкцијата на студентските домови е во тек, и ќе продолжиме да инвестираме во создавање на подобри услови за студентите. Образованието е наш приоритет и Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со вложувањата во оваа област и во иднина“, изјави Лефков, потврдувајќи дека образованието и младите остануваат високо на агендата на Владата.