Нема врска тоа што се случи на 11 септември. Американските власти се подготвени да ги постават талибанските водачи на високи места во авганистанската влада само за да има мир помеѓу Вашингтон и Кабул.
Високорангирани бунтовници блиски до талибанците ќе бидат пуштени од американските затвори и ослободени од Гвантанамо доколку успее зделката. САД се согласни да ги ослободат наводните терористи во замена за согласноста на Авганистан да учествува во мировни разговори и да отвори политичка канцеларија во Катар.
За некои ова е потег што само ќе го зацементира она што се зборуваше подолго време – дека американската војна во Авганистан, најдолгата во која САД кога било биле вклучени – се водеше за ништо.
„Сметам дека ова е момент на признавање, иако не отворено, дека никогаш нема да постигнеме воена доминација над талибанците“, изјави потполковникот Ентони Шефер од Центарот за напредни одбранбени студии. „Мислам дека замислата да се ослободат овие индивидуи без конкретна идеја што ќе добиеме за возврат навистина не е добра идеја и е речиси очајнички потег“.
Извори во администрацијата на Обама велат дека затворениците ќе бидат ослободени сѐ додека Талибанците работат на планот за отворање еден вид амбасада во Катар за да се почнат преговорите. Во вторникот Талибанците потврдија дека се подготвени за реализацијата на тие планови и за разговори со „целокупната меѓународна заедница“. Разговорите би почнале по повеќе од една деценија откако терористи на Ал каеда поврзани со талибанците го урнаа Светскиот трговски центар во Њујорк, предизвикувајќи 10-годишна војна со САД.
Обама сака примирје со талибанците
Објавено на
часот