Во аудио разговор на Твитер, Маск за прв пат разговараше за својата визија за ексАИ, осврнувајќи се на теми за еволуцијата на Земјата и кревкоста на цивилизацијата и се шегуваше дека мисијата на ексАИ би била да открие „што, по ѓаволите, навистина се случува“. Тој го најави создавањето на компанијата во средата, откако ги обвини компаниите како ОпенАИ и Гугл дека ја развиваат технологијата без да ги земат во предвид ризиците за луѓето, кои не одговорија на барањето за коментар.
Компанијата ексАИ, според Маск, ќе се обиде да изгради „добро АГИ (AGI)“ – скратено за вештачка општа интелигенција и се однесува на вештачка интелигенција која може да ги решава проблемите како човек – и како алтернатива на Микрософт, Гугл и ОпенАИ.
Тој рече дека ексАИ тесно ќе соработува со неговите компании Твитер и Тесла, користејќи јавни твитови за да ги тестира своите модели со вештачка интелигенција, додека може да работи со Тесла на софтвер за вештачката интелигенција.
Таков однос би бил заемно корисен и би можел да ја забрза работата на Тесла на способностите за самостојно возење, рече Маск. Тој, исто така, ги обвини сите компании за вештачка интелигенција дека ги обучуваат своите модели користејќи податоци од Твитер на, како што тој опиша, нелегални начини.
Маск, кој се залагаше за регулирање на вештачката интелигенција, рече дека се залага за состаноци со претставници на Белата куќа и ја истакна важноста на регулацијата на вештачката интелигенција на неговите неодамнешни состаноци со највисоките владини претставници во Кина.