Според извештајот на весникот кој се повикува на седум функционери од Блискиот Исток, меѓу кои двајца Иранци и еден Американец, бомбата била прошверцувана во зградата на Иранската револуционерна гарда во Техеран пред два месеци.
Иранските власти, членови на Гардата, рекоа дека прецизноста на нападот наликува на автоматската пушка со далечински управувач што ја користеше израелскиот тим на Мосад за да го убие иранскиот нуклеарен научник Мохсен Фархизадех во 2020 година.
Нема официјален коментар од Израел за убиството на Ханија, иако сомнежот во голема мера падна врз земјата.
Американскиот весник цитираше официјални претставници од Блискиот Исток дека израелското разузнавање ги информирало САД и другите западни влади за деталите од операцијата веднаш по нејзиното завршување.
„Некои американски функционери кои побараа да останат анонимни“ заклучија дека Израел е одговорен за убиството, пишува Њујорк тајмс.
Ханија во вторникот пристигна во Техеран за да присуствува на инаугурацијата на новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан.
Њујорк тајмс ги цитираше официјалните претставници дека бомбата активирана од далечина ги убила Ханија и неговиот телохранител.
Во извештајот се вели дека резиденцијата се користела за одмори, тајни состаноци и за домаќинство на истакнати гости како Ханија.
Од експлозијата се скршиле прозорците и се срушил дел од ѕидот на зградата, но штетата била толку мала што било знак дека не била погодена од ракета.
Израел се закани дека ќе ги убие Ханије и другите лидери на Хамас по смртоносниот напад на палестинските екстремисти од Газа, предводена од Хамас на јужна израелска територија на 7 октомври минатата година, во која беа убиени околу 1.200 луѓе, а повеќе од 250 заложници беа киднапирани и однесени на палестинска територија.