сабота, 16 ноември 2024

Николоски: До судот во Стразбур поднесени се уште 17 тужби од Македонците во Бугарија

Во моментов во Европскиот суд за човекови права во процедура има уште најмалку 17 тужби поднесени од Македонците во Бугарија против бугарската држава. Многу е веројатно дека сите 17 ќе ги добијат, односно ќе бидат во нивна корист, изјави за ТВ Алфа Александар Николоски, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Објавено на

часот

Сподели

Николоски посочи дека бројката на предмети кои ќе ги имаат Македонците од Бугарија добиено против бугарската држава видно ќе се зголеми.

„Со овие 17 тужби кои се подготвуваат бројката на добиени предмети во Стразбур ќе оди над 30 предмети во корист на Македонците во Бугарија како етничко малцинство, а против Бугарија. Значи ако некоја институција покажува коректен однос кон Македонија тоа е Советот на Европа“, рече Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ