вторник, 24 септември 2024

Нема веќе поврат на ДДВ на фантом фирми, категоричен е премиерот

Проблем со Буџетот нема, а исплатите за поврат на ДДВ ќе се вршат по строга контрола и во рамки на законскиот рок, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање дека фирми се жалат дека не добиле поврат на ДДВ повеќе од 100 дена. Премиерот ја потврди најавата на првиот вицепремиер Изет Меџити дека на седница на Владата ќе се донесе одлука за укинување на сите лиценци за онлајн казината.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Мицкоски најави исплата на поврат на ДДВ на фирмите по завршување на контролите кои вели дека се прават за да не се повторат случаи со исплати на фантом фирми.

„Откако ќе бидат сите проверени бидејќи досега на фантом фирми се исплаќани милиони евра поврат ДДВ, а потоа истите фирми се отуѓувани на граѓани од една од околните земји кои не постојат и потоа тие фирми се згаснуваат, а парите на граѓаните завршуваат најчесто кеш и на тој начин буџетот се празнел со десетини милиони евра. Повеќе нема на такви фантом фирми да се исплаќаат поврати на ДДВ. Ќе се исплаќаат откако ќе подлежат на строга контрола и во рамки на законскиот рок“, изјави Мицкоски, истакнувајќи дека сега се прават контролите.

Имаме намера, наведе Мицкоски, да го имплементираме системот е-фактура којшто требаше да се имплементира уште пред седум години.

Премиерот ја потврди најавата на првиот вицепремиер Изет Меџити дека на седница на Владата ќе се донесе одлука за укинување на сите лиценци за онлајн казината, посочувајќи дека со тоа ќе се реализира предизборното ветување.

„Денеска на седница на Влада се  одлуките за онлајн казината, усогласени со закон. Да, тоа што беше предизборно ветување денеска ќе се реализра, тие лиценци кои се незаконски според нас, а и според начелното правно мислење кое го добивме од ресорот, ќе бидат одземени“, рече Мицкоски, при посетата на општина Ѓорче Петров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ