„Прво, на таа средба присуствува и вицепремиерот. Негово е кого тој ќе повика на состанок во кабиентот. Кога имам јас состаноци тогаш доаѓаат гости коишто одржуваат состаноци, меѓутоа јас сум присутен во кабинетот, исто како што тој е присутен во својот кабинет. Сметам дека не е злоупотреба доколку луѓе користат канцеларија со домаќинот за состаноци“, изјави Ковачевски.
Пред неколку дена вицепремиерката задолжена за политики и добро владеење, Славица Грковска рече дека е недозволиво престапување на кодексот, и дека како член на Влада, во овој случај нема механизам за постапување. Според неа, партиските и државните активности мора да бидат разделени.