вторник, 2 јули 2024

Народна банка: Нето надворешниот долг 29,9 проценти од проектираниот БДП

Заклучно со 31 март годинава нето надворешниот долг изнесува 4.350 милиони евра или 29,9 проценти од проектираниот БДП, објави Народна банка.

Објавено на

часот

Сподели

„Нето надворешниот долг на земјата, во првиот квартал од 2024 година, е намален за 109 милиони евра, или за 2,4 проценти. Од аспект на структурата, приватниот нето-долг и натаму има поголемо учество во вкупниот нето-долг со 62 проценти“, информира Народната банка.

Во текот на првиот квартал од годинава, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е зголемена за 6 милиони евра и изнесува 8.506 милиони евра, односно 58,4 проценти од проектираниот БДП за годинава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ