Криструн Фростадотир (36) дојде на чело на партијата пред две години, заговарајќи нордиски модел на социјална благосостојба и вети дека ќе се справи со кризата на трошоците за живот предизвикана од високата инфлација и долгови.
Пред изборите, истражувањата на јавното мислење предвидуваа дека најголеми губитници на изборите ќе бидат трите партии од владејачката коалиција – Партијата на независност, Лево-зеленото движење и Прогресивната партија.
Но, се покажа дека Партијата на независност, предводена од премиерот Бјарни Бенедиктсон, остана втора со 19,4 отсто од гласовите, освојувајќи 14 места во парламентот, додека либералната Реформска партија беше трета со 15,8 отсто од гласовите и 11 места.
На партиите им се потребни 32 пратенички места за мнозинство во парламентот.
Лево-зеленото движење, претходно предводено од Катрин Јакобсдотир, пред да се повлече од премиерската функција во април за да се кандидира за претседател, не успеа да освои ниту едно место. Предвремените избори беа распишани минатиот месец, по ескалацијата на коалициските несогласувања и јавното незадоволство од прашањата за миграцијата, енергетиката и домувањето.