петок, 18 октомври 2024
АБА лига

МЗТ Скопје со неверојатна трета четвртина ја победи Цибона, сега на потег е Будуќност

Објавено на

часот

Сподели

Македонскиот тим одигра неверојатна трета четвртина, тие десет минути ги доби со 30-5 и со голем пресврт стигна до убедлива победа која на крајот може да се покаже како клучна за опстанок.

Цибона беше подобра во првите две четвртини и на одморот отиде со предност од 12 поени разлика, беше 53-41 за хрватскиот тим. Но во третиот период МЗТ Скопје не само што ја анулираше негативата, туку стигна до 13 поени предност кои ги задржа до крајот на мечот за победа од 87-74.

Кефи со 19 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје, Бурсаќ постигна 17, Кук 15, Стојановски 14. Кај Цибона најефикасни беа Аранитовиќ и Љубичиќ со по 13 поени.

Сега погледите се вртат кон Црна Гора каде Будинќност утре од 19 часот ќе го пречека Борац. Црногорскиот тим е голем фаворит и доколку победи, МЗТ Скопје ќе избегне испаѓање од АБА лигата, ќе игра бараж за да остане во елитното натпреварување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ