Актуелниот договор на Мурињо со Рома истекува по крајот на следната сезона. Но, често се шпекулира за неговата иднина, Португалецот се поврзува со неколку клубови.
Според „Кориере дело Спорт“, Мурињо бил контактиран од директор на Челси кој сакал да дискусира за негово евентуално враќање на Стемфорд Бриџ.
Но, Мурињо бил многу јасен, не бил заинтересиран за враќање во Челси, негов приоритет е Рома.
Целта на Рома оваа сезона е враќање во Лигата на шампионите, останува нејасно дали Португалецот би останал доколку не успее во намерата да го врати тимот во елитата.
Рома е во полуфиналето од Лига Европа и води жестока битка во Серија А за пласман во топ 4.