петок, 6 декември 2024

Сочувство на Македонската заедница во Австралија за смртта на владиката Тимотеј

Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија во чии состав е и првата македонска црква во иселеништвото „Св Георгиј“ и манастирот „Св. Климент Охридски“ во Кинглејк изјавија сочувство до Светиот синод за смртта на митрополитот на Дебарско – кичевската епархија и администратот на Австралиско – сиднејската епархија г. Тимотеј.

Објавено на

часот

Сподели

„Сакаме да искажеме голема благодарност за неговата архипастирска посветеност овде во Австралија, благодарност за неговиот приод кон верниците, свештенството и духовната надградба која цениме дека беше на највисоко ниво. Неговата жртва и закрила за нас е нешто што е многу значајно и ценето за нашата заедница и нема никогаш да го заборавиме. Загубивме многу важна личност, достоен архиереј, пастир и духовен татко кој со неговата љубов и мудрост ќе остане запишан во македонската историја на македонската заедница, посебно во Австралија. Покојниот митрополит Тимотеј меѓу нас беше присутен од 1981 – 1994 година и од 2013 – 2024 година. Ова време ќе биде потсетник за неговата неуморна Христова посветеност. Ние се надеваме дека и неговиот заменик ќе продолжи по стапките на својот успешен претходник митрополитот Тимотеј. Нека почива во мир неговото високопреосвештенство митрополитот дебарско – кичевски и администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. Господ да му дарува царство небесно“, се вели во информацијата на Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ