петок, 13 декември 2024

Русија ги брише талибанците од листата на терористи

Русија наскоро ќе ги отстрани талибанците од листата на терористи, соопшти талибанската влада на Авганистан, пренесувајќи ги зборовите на денешниот гостин во Кабул, Сергеј Шојгу, поранешниот министер за одбрана на Русија, сега секретар на Советот за безбедност.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Шојгу разговарал за „зајакнување на политичките односи и економската соработка и начините за зголемување на трговијата и руските инвестиции во Авганистан“ со неколку авганистански министри од редовите на талибанците, се наведува во соопштението на талибанските власти.

Посетите на високи странски претставници на Авганистан се ретки бидејќи ниту една земја во светот не ја признала талибанската влада, која е на власт од август 2021 година.

Кога во март 145 луѓе беа убиени во концертна сала во Москва во напад на членовите на Исламска држава во Хорасан, регионалниот разгранок на џихадистичката група присутна во Авганистан, руските власти рекоа дека сакаат да ги отстранат талибанците од својата листа на терористи.

„Талибанците секако се наши сојузници во борбата против тероризмот“, изјави во јули вршителот на должноста во руската амбасада во Авганистан, Дмитри Жирнов, и додаде дека талибанците „работат на елиминирање на терористичките групи“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ