среда, 4 декември 2024

Шест лица загинаа во крвавите протести за поддршка на поранешниот премиер Имран Кан во Пакистан

Поддржувачите на поранешниот премиер на Пакистан Имран Кан, кој моментално е во затвор, денеска ги пробија блокадите и се судрија со полицијата, а во немирите загинаа шест лица.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Илјадници полицајци беа во центарот на Исламабад за да ги задушат протестите за поддршка на Кан кои траат од неделата.

Кан е во затвор повеќе од една година и во моментов се соочува со повеќе од 150 кривични пријави против него, кои според неговата партија се политички мотивирани.

Властите велат дека само судовите можат да наредат ослободување на Кан, на кој му е изгласана недоверба во парламентот во 2022 година.

Тој е во затвор од првата пресуда за корупција, во август минатата година.

Пакистанската војска денеска ја презеде контролата над големиот плоштад во центарот на Исламабад, каде се наоѓаат владините згради и каде во моментов престојува белорускиот претседател Александар Лукашенко, кој е во посета на Пакистан.

Присутни беа и паравоени единици и полицајци, при што некои полицајци испукаа предупредувачки истрели во воздух.

Сопругата на Кан, Бушра Биби, која ги предводи протестите, исто така беше присутна на демонстрациите во Исламабад.

Министерот за внатрешни работи Мошин Накви се закани дека доколку демонстрантите пукаат, безбедносните сили ќе одговорат со иста мерка.

„Сега ѝ дозволивме на полицијата да донесе каква било одлука според ситуацијата“, рече Накви.

Демонстрантот Шазор Али рече дека луѓето се на улица затоа што Кан ги повикал да бидат таму.

„Ќе останеме овде додека Кан не биде со нас. Тој ќе одлучи што понатаму. Ако пак пукаат, на куршум ќе им се одговори со куршум“, изјави Али.

Досега полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата.

Меѓу загинатите има четворица полицајци и еден цивил кои загинаа синоќа кога на нив налетало возило.

Премиерот Шехбаз Шариф го осуди нападот, велејќи дека „анархистичка група“ намерно ја гаѓала полицијата.

Десетици луѓе беа повредени, меѓу кои и новинари кои биле нападнати од демонстранти.

Десетици приврзаници на Кан претепале снимател кој го покривал протестот за Асошиетед прес и му ја одзеле камерата.

Тој се здобил со повреди на главата и му била укажана лекарска помош во болница.

Некои демонстранти носеле знамиња на партијата на Кан, Пакистан Техрек-е-Инсаф.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ