вторник, 3 декември 2024

Бајден пред Денот на благодарноста помилува две мисирки (ВИДЕО)

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден помилува две мисирки со бели пердуви, Пич и Блосом, да не завршат на трпеза за Денот на благодарноста, годишна традиција што го означува почетокот на последната празнична сезона за демократите во Белата куќа.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

„Мисирките што беа помилувани го добија името по цветот на праската, кој е симбол на државата Делавер“, изјави Бајден, кој по потекло е од таа држава, пред толпата на тревникот пред Белата куќа.

Тој додаде дека овој настан го означува официјалниот почеток на празничната сезона во Вашингтон.

„Исто така, ова е последен пат да зборувам тука како ваш претседател, во текот на оваа сезона, и да ви ја пренесам мојата благодарност. Затоа, дозволете ми да ви кажам, тоа беше честа на мојот живот, вечно сум благодарен“, рече Бајден, пренесе Ројтерс. Бајден рече дека мисирката Пич тежи 19 килограми, додека Блосом тежи 18 килограми.

Помилувањето мисирки пред Денот на благодарноста, кој во САД се слави во последниот четврток во ноември, датира од претседателот Хари Труман во 1947 година, додека официјално стана традиција во Белата куќа во 1989 година, кога тогашниот претседател Џорџ Буш го изврши првото официјално претседателско помилување.

Најавено е дека Бајден подоцна денеска ќе отпатува за Стејтен Ајленд, Њујорк, за да присуствува на настанот „Ден на пријателите“ со членовите на американската крајбрежна стража.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ