четврток, 4 јули 2024

Мурињо и Фенербахче се амбициозни, го сакаат најскапиот играч во историјата на Ливерпул

Медиумите од Турција пренесуваат дека Фенербахче сака да го донесе на позајмица Дарвин Нуњез, напаѓачот е најскапото засилување во историјата на Ливерпул.

Објавено на

часот

Сподели

Жозе Мурињо и Фенербахче имаат амбициозни планови, па клубот од Истанбул често се поврзува со звучни имиња.

Последните информации велат дека „жолто-сините“ сакаат да го донесат на позајмица Дарвин Нуњез и веќе се отворени разговори.

Уругваецот пред две години стана најскапото засилување во историјата на Ливерпул, за неговите услуги беа одвоени 85 милиони фунти.

Сепак, тој не ги оправдува очекувањата на Енфилд, и често е во центарот на вниманието поради големите промашувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ