вторник, 2 јули 2024

Муцунски: Нема двоумење околу единствениот пазар пред целосната интеграција во ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски,  на покана од министерот за надворешни работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на Дубровник форум, каде се обрати на посебната сесија „Отворање на реформскиот потенцијал на Западен Балкан“, при што се осврна на перспективите за членство на земјава во Европската унија.

Објавено на

часот

Сподели

Во своето обраќање Муцунски, како што информираат од неговиот кабинет, истакнал дека иако земјава е сведок на “билатерализација” на евроинтегративниот процес, а претходно и на членството во НАТО, како и повеќекратна апликацијата на двојни стандарди од страна на институциите на ЕУ, сепак македонската нација е про-европска нација, а мнозинството од македонскиот народ ја поддржува европската агенда, бидејќи нема подобар пат од полноправното членство на земјава во ЕУ.

Во делот на реформите и интеграцијата на земјата во Европската Унија, Муцунски нагласил дека новата влада е цврсто фокусирана на процесот на европска интеграција, преку обезбедување на европските стандарди дома, односно борба со криминалот и корупцијата, владеење на правото и економски развој.

Запрашан за концептот за членство во единствениот пазар пред целосна интеграција во ЕУ, Муцунски, се вели во соопштението, истакнал дека независно како ЕУ го предвидува овој процес, вклучително и концептот за постепена интеграција, нема да има двоумење од македонска страна доколку крајниот резултат е полноправно членство во ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ