„Појдовна точка за ова беше злоупотребата на јавните средства односно финансиските средства, јавните набавки, дуализмот и непотизмот. Со една ваква одлука ќе го намалиме дуализмот кој постои со врзан потпис во рамки на клиниките и ќе придонесе кон подобро и поотчетно работење“, рече Митева.
Во однос на пензионерите, Митева посочи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги послушала пензионерите за нивното барање.
„Она што ВМРО-ДПМНЕ го направи за пензионерите е што го послуша нивниот глас и нивното барање за линеарно покачување од 5.000 денари да го реализираме. Согласно законите прво е ребалансот на Буџетот со што ќе се опфати оваа мерка и мерката од 100 милиони евра трансфер кон општините за реализација на проекти“, посочи Митева.