сабота, 16 ноември 2024

Милошоски: Службенички во банка и во МЕПСО ќе одлучуваат за жалбите на граѓаните

Ивана Шапкар од Охрид и Весна Илиева Лубуриќ кои владејачкото мнозинство ги предложило за членови во Второстепената комисија за управна постапка не ги исполнуваат законските услови. Законот бара за да може некој да одлучува по жалбите на граѓаните од работен однос треба да има најмалку четири години искуство во управни работи, а предложените кандидатки немаат никаква допирна точка со таа област, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

Објавено на

часот

Сподели

Тој вели дека охриѓанката Ивана Шапкар работела во Стопанска банка АД Битола, која секако не е јавен државен управен орган или институција за да Шапкар има искуство од управни работи и за да може да биде член на Второстепената комисија.

„Ова е незаконито, не може човек што работел во банка да има искуство од управни работи, ова е основ за разрешување. И не само тоа, ова е основ за жалба и за поништување на решение на комисијата“, вели Милошоски.

За член на оваа комисија од Владата ја предлага и Весна Илиева Лубуриќ која работело во АД МЕПСО и која, како што наведува Милошоски, исто така не ги исполнува законските услови за да одлучува по жалбите на граѓаните. А, ако овие две кандидатки бидат избрани, тогаш се отвора простор да бидат поништени и решенијата што ќе ги донесе Второстепената комисија токму по основ на тоа што во донесувањето на нивните одлуки учествувале членови кои се незаконски избрни, пренесе Глаголица.мк.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ