сабота, 16 ноември 2024
Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Кога Ахмети е во тесно игра на националистичка карта

„Секогаш кога ДУИ се фатени во лоповлук, во кражба, пљачка тие веднаш вртат на националните теми, односно на национализам и шовинизам. ДУИ е веќе во кампања и периодов што следи, вакви провокации ќе има“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како коментар на изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дадена викендов во кумановско Сопот дека сакале да нема граница со Албанија, но дека прагматизмот, а не фанатизмот победил и дека иднината е во ЕУ кога со Албанија и Косово, како што рече Ахмети, ќе се избришат границите кога сите три држави ќе станат членки.

Објавено на

часот

Сподели

„Колку се националистичките провокации поголеми, бидете сигурни дека повторно некој тендер се решава во четири очи и повторно се ограбуваат македонските граѓани. Ќе ве потсетам на ветувањата на Али Ахмети на оние камен темелници, како што е фабриката за електрични автомобили во Тетово, покрај дупката и сега веќе поголемата трева, буквално ништо не се случува. Албанците секојдневно ја напуштаат Македонија поради лошите политики на владата на ДУИ и СДСМ, тоа што СДСМ избрале да бидат измеќари, тоа народот ќе си го каже за неколку месеци од денеска“, рече Мицкоски.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ