сабота, 16 ноември 2024
Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Имаме сознанија и за други клиники каде дејствува „канцер мафијата“

„Институциите како Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија  и Министерството за здравство, не само што не постапуваат по наодите на Државна ревизија, туку неправилностите само се продлабочуваат. Имаме индиции дека тоа што се случува на Клиниката за онкологија, се случува и на други клиники“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Прилеп и додаде дека партијата продолжува да ги истражува ваквите случаеви. Тој рече дека во однос на изборите се комуницира со СДСМ на ниво на пратеници и повтори дека претседателските и парламентарните избори треба да се спојат.

Објавено на

часот

Сподели

„Што се однесува до комуникација со СДСМ во рамките на парламентот има средби на кои што се дискутира изминативе неколку денови околу техничките препораки и  техничките измени во Изборниот законик кои што се дел од препораките на ОБСЕ/ОДИХР и ценам дека тоа треба час поскоро да се заврши бидејќи доцниме, веќе сме влезени во фазата шест месеци пред избори и мислам дека веќе следната недела ќе има сериозен напредок на таа тема. Исто така очекувам и дефинирање на датум за избори, а ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, изборите треба да бидат заедно да не ги трошиме дополнително парите на граѓаните затоа што ние немаме право да ги трошиме крваво заработените пари на народот. Тоа што некој се обидува преку примитивни политички логики и комбинаторики повторно сето тоа да го стави на трошок на граѓаните, тоа е негов проблем. Но јасен е ставот на јавноста, ставот на граѓаните и ставот на ВМРО-ДПМНЕ, избори треба да има на еден трошок, споени претседателските и парламентарните избори за неколку месеци од денес“,нагласи Мицкоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ