сабота, 16 ноември 2024

Медицински сестри провизорно подготвувале лекови, некои работеле само ноќна смена, сведочеа вработени во Онкологија

За време на мојот мандат не сум добила ниту усна, ниту писмена пријава за злоупотреба на положба на некоја медицинска сестра давајќи физиолошки раствор, а достапна бев постојано, се прашувам зошто, рече некогашната главна медицинска сестра на Клиниката за онкологија, Маријана Лутовска пред членовите на собраниската Анкетна комисија за случувањата со Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Објавено на

часот

Сподели

На седницата на која денеска беа испрашувани и членови на надзорен одбор, поранешни директори, Луковска која во перидото од 2017 до 2022 година работела како главна сестра на Клиниката информира дека за наводите во јавноста за злоупотребата со лековите во Клиниката не била запознаена.

На прашање на пратеник дали и било сомнително тоа што во нејзиниот мандат не бил функционален стручниот колегиум кој требало да учествува во планот на набавка на лекови и доделување на терапии и тогашниот дирекотр Нино Васев сам одлучувал кој да добие терапија исклучувајќи ги сите протоколи, таа рече дека се оградува и нема да коменира нешто што не е во домен на нејзините надлежности

„Не е во  моја надлежност како главна сестра да одлучувам дали треба да биде свикан или не стручен колегиум. Јас како главна медицинска сестра одржувам секој ден утрински состаноци јас одговарам за работата на мединските сестри“, појасни таа.

Даниела Георгиевска моментална главна сестра на Клиниката рече дека кога ја преземала функцијата немало индиции некој да инсистирал да биде само ноќна смена, повеќе било желба на одредена група на мединцинки сестри.

„Зошто сакале да работат само ноќна смена не сум запознаена. Кога дојдов истите тие сакаа да продолжат само ноќна смена, но јас не дозволив, тоа се коси со правилата на работата“, посочи таа.

Од друга страна Адријана Филиповска која била раководител на оделот за таблетарна терапија и одговорна сестра на Като системот посочи дека таа биле разрешена од функциите без образложение.

„Като сиостемот никогаш не профункционира на нашата клиника. Откао бев назначена, по неколку месеци заминав на породилно и по моето враќање на 1 мај 2018 година бев разрешена од функцијата одделенска сестра. Директорот не даде образложение зошто ме разрешува од функциите оделенска сестра и одговорна сестра за Като системот кој не функционираше. Кога се вратив слушав секакви сведочења од сестрите дека било наредено од директорот и главната сестра системот да престане да работи бидјеќи имало проблем со вентилацијата и оттогаш не функционира“, раскажа Филиповска.

Таа потсети дека системот не ги подготвува лековите, туку само ја одредува потребната доза.

„Ние работевме на ист начин како и сега. Спремањето на лековите беше исто со тоа што Като системот не е робот и не ги спрема лековите, медицинската сестра е таа што ги спрема лековите. Ние работевме провизорно со лекарски изештај залепен со магнет и по него спремавме“, информира таа.

Таа детално го појасни начинот на подготовка на лекот.

-Сестрата буквално е во една положба и не може да се смени., Таа има ограничени движења во спремањето на лекот, прво таа има поставено четири пара ракавици, каде манипулациите не и се дозволени и не може да ги извршува сама. Во тој процес ни беа потребни шест до осум сестри кои мораа да се сменат на два часа, оти ниту една сестра не може да издржи подолго во таа положба“, посочи таа.

Анкетната комисија продолжува со работа утре со сослушување на сведоци и разгледување на акти и документи поврзани со случувањата во Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ