сабота, 16 ноември 2024
Прес конференција на здружената албанска опозиција

Меџити: Врховниот суд е под страшен притисок од ДУИ за да се врати Груевски

Лидерот на Демократско движење, Изет Меџити, во име на здружената албанска опозиција, изјави дека изразуваат силна поддршка за судиите од Врховниот суд кои, нагласи, се под страшен притисок со барањата за враќање на Никола Груевски. „Како што знаеме и како што добивме информации од свиркачи, ДУИ и одредени поединци кои се инсталирани во раководството на оваа партија продолжуваат да вршат невиден притисок врз судиите од овој суд, со што докажуваат дека тие од политичка партија се претвориле во тиранин и дека со нивната сила и политичка моќ сакаат да го убијат секој столб на демократијата“, рече Меџити на прес-конференција со лидерите на Алијанса и Беса, Африм Гаши и Биљал Касами, одржана пред Врховниот суд.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа воопшто не е за чудење, туку е уште еден показател кој треба да ни послужи како освестување за сите нас, дека оваа политичка партија стана синоним на лицемерие, дејствувајќи против секоја европска вредност додека се повикува на истите. Не можете да бидете проевропски и да вршите притисок врз судството. Не можете да бидете проевропски и да бидете дел од секоја коруптивна афера. Не можете да бидете проевропски и да дејствувате против демократијата. Ова е уште еден показател дека ДУИ не е заинтересирана за ЕУ и уставните измени. Тие имаат потреба Груевски да се обиде да направи политички пазарења со ВМРО-ДПМНЕ за влез во концентрациона влада, пазарејќи се со идните пратеници на СДСМ“, рече Меџити.

Тој додаде дека искрено жали за, како што наглси, нивото на кое паднале Али Ахмети и ДУИ, и порача дека тоа народот жестоко ќе го казни на денот на изборите.

„Во оваа битка сме заедно, ние здружената албанска опозиција, народот, чесните судии, меѓународниот фактор, додека се гледа кој е против нас, корумпирани политичари кои спасот го гледаат во враќањето на Груевски. Уште еднаш им ја изразуваме нашата бескомпромисна поддршка на судиите од Врховниот суд и ги повикуваме да судат според законот. Правдата пред се, а тие што ја нарушуваат правдата знаат каде им е местото“, рече Меџити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ