Во резолуцијата за „заштита на цивилите и почитување на правните и хуманитарните обврски“ се бара сите страни „веднаш и целосно да ги почитуваат“ обврските од меѓународните закони за хуманитарни и човекови права, „особено во однос на заштитата на цивилите“.Се бара заштита на хуманитарниот персонал и да се олесни хуманитарниот пристап до основните материјали и услуги за да стигнат до сите цивили на кои им е потребна помош во Појасот Газа“.
Резолуцијата повика на укинување на наредбата на Израел, „окупаторска сила“, палестинските цивили, персоналот на ОН и хуманитарните работници да ги се евакуираат од сите области во Појасот Газа и да се преселат на југ.
Генералното собрание, исто така, повика на „итно и безусловно ослободување“ на сите цивили кои се незаконски заробени, барајќи нивна безбедност, благосостојба и хуман третман во согласност со меѓународното право.
Во Резолуцијата се вели дека праведно и трајно решение на израелско-палестинскиот конфликт може да се постигне само со мирни средства, врз основа на релевантните резолуции на ОН и во согласност со меѓународното право, и врз основа на решението со две држави.
Против оваа Резолуција меѓу другите гласаа и САД, Австрија, Чешка, Израел, Унгарија… Воздржани беа и Албанија, Австралија, Германија, Грција, Бугарија, Србија, Хрватска, Украина, Велика Британија, Холандија…
Третиот комитет на Генералното собрание на ОН пред два дена го усвои нацртот на резолуцијата за борба против глорификацијата на нацизмот, предложена од Русија. За нацртот на резолуцијата гласаа 112 земји, против беа 50, меѓу кои САД, Украина, Велика Британија, Германија, Канада и Македонија. 14 земји гласаа воздржано.
На 27 октомври Генералното собрание на Обединети нации со мнозинство гласови усвои Резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа. Македонија гласаше воздржано, а 120 земји го поддржаа воспоставувањето на примирје. Во Резолуцијата се осудуваат сите акти на насилство против палестинските и израелските цивили, како и терористичките и неселективни напади.