сабота, 16 ноември 2024
Мислење на експерт за медиуми

Мајола: Има критички портали, но и такви кои објавуваат плагијати и го загрозуваат покривањето на изборите

Постојат критички портали и силни здруженија, но тоа што загрижува е дека постојат онлајн портали во коишто не постои независна продукција, односно се работи за медиуми коишто својата содржина ја засноваат на плагијати. Сите овие фактори може да имаат влијание на квалитетот на покривањето на изборите. Ова е согледување на Џована Мајоли, експерт и обучувач за медиуми и избори, која има ангажман со ОБСЕ/ОДИХР во Македонија. Според Репортери без граници, вели таа, слободата на медиумите во Македонија бележи прогрес и за една година земјата се искачи за 19 места во извештајот.

 

Објавено на

часот

Сподели

Кога станува збор за известување од избори, тоа во голема мера зависи од општата состојба што се поврзува со слободата на медиумите, вели Мајола во разговор за МИА, која минатата недела престојуваше во Скопје во рамки на работилница во организација на Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) . 

„Вчера беше издаден Извештајот на Меѓународниот институт за печат во којшто се дава еден преглед на состојбата со медиумите. Според проценките на овој извештај, се оценува дека уште постои поларизираност и дека довербата на јавноста во медиумите во моментов бележи пад. Важни се онлајн медиумските куќи, односно присуството на онлајн медиумите, порталите и во извештајот токму за нив се вели дека тоа што загрижува дека постојат и онлајн портали во коишто не постои независна продукција, поточно се работи за медиуми коишто својата содржина ја засноваат на плагијати. Сите овие фактори може да имаат влијание на квалитетот на покривањето на изборите. Оттука, сето тоа има големо влијание и врз економската и политичката состојба. Меѓутоа мојата главна порака би била да продолжите и понатаму со работа, и понатаму да ги градите овие позитивни напредоци затоа што сепак се уште во Северна Македонија постои можност за критичко известување, и постојат силни здруженија, коишто и понатаму ја подобруваат состојбата во овој поглед“, вели Мајола.

Таа додава дека според Репортери без граници, може да се види дека состојбата во Македонија бележи прогрес.

„Доколку ги погледнеме само бројките, ќе видиме дека во 2022 година, Северна Македонија била оценета на 57 место од вкупно 180 земји, додека пак веќе во 2023 година, таа се наоѓа на 38 место“, нагласува Мајола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ