Според извештајот од 18 часот, сите патни правци во државата се проодни, а на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
„ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни“, наведуваат од Јавното претпријатие.