„Доставивме барање до ИНСТАТ од причина што добар дел од жителите се сезонски работници во Македонија и Грција, поради што, сè уште не се контактирани од попишувачите. Се надеваме на позитивен одговор со што и Мала Преспа ќе биде опфатена со продолжениот рок на пописните активности. Тоа ќе овозможи поголем процент на опфатеност“, изјави за МИА, Ефтим Митревски, потпретседател на партијата, кој го доставил барањето.
ИНСТАТ синоќа соопшти дека пописот на населението и домаќинствата, што требаше да заврши на 30 овој месец, продолжува до 15 ноември, бидејќи околу 3 отсто од подрачјата, главно планински, на целата територија на Албанија сè уште не се попишани.
Оваа значајна статистичка операција официјално започна на 18 ептември, а податоците собрани на терен, ќе бидат обработени, анализирани и објавени во форма на официјална статистика во јуни 2024 година.
Пописниот формулар содржи 100 прашања, а само три од нив етничка и религиска припадност и мајчин јазик се незадолжителни.
Ова е 12. попис по ред на населението во историјата на Албанија.Првиот е спроведен во 1923 година, а последниот во 2011 година.