„Студентите“ од Правец до триумфот без помошта на нивниот нов тренер, Марин Докузовски, кој се очекува од утре и официјално да го преземе тимот. Македонскиот кошаркарски селектор во почетокот од новата година потпиша договор со својот поранешен тим со важност до крајот на сезоната.
Пресметката во Варна беше дуел и на двајца македонски интернационалци, Дамјан Стојановски (Лукоил) и Кирил Павловски (Черноморец). Индивидуалниот дуел го доби Павловски, кој со 12 поени и седум скока за 30 минути беше меѓу најдобрите во Черноморец. Стојановски, пак, на паркетот мина нешто повеќе од 20 минути со учинок од шест поени (2/4 за 3п) и две асистенции.