четврток, 26 септември 2024

Лозарите ќе бараат оштета поради сушата што им го пеплоса грозјето

Ќе бараме обесштетување од суша согласно набраните количини по декар лозје, најави денеска Јован Златевски, претседател на Сојузот на здруженија на лозари и претседател на потсекторската група за лозарство и винарство при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Фото: МИА

Објавено на

часот

Сподели

„На наредниот состанок на потсекторската група, ќе го отворам ова прашање, со цел да се разгледаат проблемите на лозарите. Производителите на грозје се соочуваат со сериозни последици од летната суша, дури и до стотина проценти. Иако е при крај, уште трае гроздоберот. Чекаме да заврши гроздоберската сезона, па да се сретнеме и да поразговараме за проблемот и да изнајдеме соодветно решение“, појасни Златевски за МИА.

Тој додаде дека истовремено, се согледуваат штетите на терен.

– Ние не сме за тоа, сите лозари да бидат обесштетени, бидејќи не сите имаат штети од сушата. Последици имаат тие кои стопанисуваат со лозја на суво, но и тие кои, иако имаат земјоделски имоти што условно речено можат да се наводнуваат, но, од најразлични објективни причини, наводнувањето не било реализирано, или било недоволно. Затоа, нашиот предлог најверојатно ќе биде, да добијат обесштетување, на пример, сите тие кои добиле под еден тон грозје од еден декар земјоделска површина, истакна Златевски.

Тој изрази надеж дека надлежните во државата ќе прогласат елементарна непогода суша и ќе донесат одлука за обесштетување на лозарите, поради намалениот принос во лозовите плантажи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ