четврток, 5 декември 2024

Лизгање на земјиште на Филипините уби 25 луѓе

Објавено на

часот

Сподели

Лизгањето го погоди малото рударско гратче Пантукан во четвртокот наутро. Околу 120 војници се испратени да помогнат во извлекувањето на преживеаните и на телата на загинатите.

Минатиот месец поплави предизвикани од тропска бура го погодија истиот регион, убивајќи над 1.250 луѓе.

Локалните власти велат дека рударите и нивните семејства биле предупредени за високиот ризик во тој регион. Дел жители беа принудени да ги напуштат своите куќи по лизгањето што се случи во април 2011, недалеку од местото на вчерашната катастрофа.

Секоја година за време на влажната сезона на Филипините, која обично трае од јуни до декември, се случуваат по 20-тина лизгања на земјиште и тајфуни, најчесто со тешко поплави како последица. Несреќата од 1991 година сѐ уште го држи рекордот по бројот на жртвите, убивајќи 6.000 луѓе на островот Лејте.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ