Во вечерашното гостување на Сител, Грковска истакна дека се неопходни измени кои ќе предвидат дека доколку на некој функционер, кој што во моментот е на позиција, му биде изречена таква санкција, мандатот веднаш да му прекине.
„Затоа што однесувањето како ништо да не се случило, после изрекувањето на таквите санкции ја урива довербата во институциите и не придонесува кон градење на систем во кој што граѓаните можат да имаат доверба. А корупцијата ќе ја намалиме драстично во оној момент кога ќе се види дека системот функционира непристрасно и има казнивост и санкции за сите оние кои прекршиле етички и морални норми“, рече Грковска.
Во таа насока, паралелно со зајакнување на критериумите за носителите на функциите, подготвиле и Предлог за измени и дополнувања на Законот за рестриктивни мерки, со кој, покрај правно обврзувачките резолуции на Советот за безбедност на ОН и правните акти на ЕУ, ќе се додадат и мерките на САД, како основ за законски рестриктивни мерки.