„Пред 4-5 дена добив писмо од министерот за надворешни работи на Русија со барање да се обезбеди негово присуство во Скопје. Има одредени предизвици во делот на тоа прашање, прво заради тоа што воздушниот простор на Северна Македонија и на нашите соседи е затворен за руски авиони, иако по правило треба сите земји-учеснички да присуствуваат на министерскиот совет на ОБСЕ во Скопје. Но за конкретни личности тоа ќе зависи од одредени одлуки што ќе треба да се донесат во текот на наредните денови. Се надевам дека ќе успееме сите да бидеме во Скопје“, изјави Османи за можната посета на Лавров на Скопје.
На самитот се очекуваат да пристигнат 76 делегации на држави од светот и над 100 светски новинарски агенции
На прашањето што ќе се случи ако не дојде Лавров, Османи вели дека Руската Федерација ќе присуствува со свои претставници, но сите треба да бидат за колективниот интерес над државниот.