сабота, 16 ноември 2024
Нова расправија во Собранието

Крмов: Сите пратеници се против Левица, исти сте, важни ви се само функциите

„Прекинете ја седницата, не знам до каде ќе одите, ова нема да оди на арно“, му се обрати пратеникот на Левица, Борислав Крмов на претседавачот на Собранието откако по трет пат излезе на говорницата. Со зборовите, прекинете ја седницата, неколку пати му се обрати на Горан Мисовски кој ја водеше седницата, а потоа се качи зад Мисовски, му ја зеде картичката со која се пријавува за збор, и пред него ја истури кутијата во која беа амандмани. Потоа дел од разбоворот Крмов-Мисовски беше нечуен заради картичката.

Објавено на

часот

Сподели

До претседателската маса се доближи и Талат Џафери, кој во улога на предлагач на предлог-деловникот, седи во пратеничките клупи и се изјаснува за секој амандман дали се прифаќа или не.

Расправијата во која се вклучи и Џафери потраја неколку минути во бесшумна атмосфера за новинарите и гледачите на телевизискиот пренос, а на моменти делуваа мирно.

На крајот, Крмов се врати на говорницата, а Мисовски даде половина час пауза.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ