сабота, 16 ноември 2024
Левица бурно реагираше во парламентот

Крмов го откорна и фрли мониторот на претседавачот на Собранието и го гаѓаше со амандмани (ВИДЕО)

Собраниската седница за предлог-деловникот на законодавниот дом е прекината откако пратеникот на Левица, Борислав Крмов обвини дека амандманите кои ги поднесе заедно со пратеникот и лидер на партијата Димитар Апасиев, а се 2.461 на број, не само што се одбиени туку немаат ниту архивски број. Само 12 амандмани „се уредни“. Крмов во својот настап на говорницата во еден момент почна да ги фрла оригиналните листови на амандманите кон претседавачот со седницата, потпретседателот Горан  Мисовски, а потоа и мониторот поставен пред Мисовски, го откорна од масата и го фрли на подот. Се појави и претседателот Талат Џафери.

Објавено на

часот

Сподели

„По која основа се отфрлени нашите амандмани, кои не се ниту заведени, немаат архивски број. Мора да ја прекинете седница“; бурно реагираше Крмов, а Мисовски велеше дека попусто му тече времето.

„Прекинете ја седницата. Ова е нечуено“, велеше Крмов и почна да ги фрла кон Мисовски амандманите, а потоа и самиот монитор кој стоеше на масата на претседателот на Собранието, заврши бучно на подот, како и телефонот.

Потоа беше дадена пауза.

„Со фрлање на амандмани нашите двајца пратеници ја прекинаа седницата со пола час пауза! Широката коалиција СДС-ДУИ-ДПМНЕ насилнички и неделовнички ги одби амандманите на Левица. Единствената опозиција во Собранието ДЕНЕС физички ќе ја брани македонската демократија од трите квинслишки партии!“, објави Левица преку социјалните мрежи.

Претходно, пред инцидентот, Димитар Апасиев побара да се тргне првата точка од дневен ред односно предлог деловникот. Против овој предлог гласаа 82 пратеници и истиот не беше усвоен.

Апасиев објасни дека Левица поднесе над 2.000 амандмани за да спречи носење на штетен и недемократски Деловник, со кој се укинува филибастеринг. 

Тој предложи првата точка да се тргне од дневен ред и во порелаксирана атмосфера да се донесе утре или задутре, кога ќе се пронајде политички консензус. Според Апасиев, ова што денес ќе го направи претседателот на Собранието е без преседан во парламентарната историја.

„Денес се спрема шверц на Собранието во Република Македонија. ДПМНЕ и ДУИ ќе ги шверцаат сите закони со европско знаменце во следниот парламентарен состав. Ова што денес ќе го направи претседателот на Собранието е без преседан во парламентарната историја.Тоа значи дека опозицијата без оглед дали има 59, 58 пратеници, не ќе може ништо да спречи, тоа е влез во диктатура“, рече Апасиев.

Лидерот на Левица нагласи дека амандман на пратеник не може да се отфрли и затоа, како што рече, ќе употреби чевел,

Удирајќи со чевелот по секој амандман, тој ги „заверуваше“ и му ги предаваше на претседавачот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ