вторник, 2 јули 2024

Кремљ: Новата шефица на ЕУ дипломатијата е „бесен русофоб“

Естонската премиерка Каја Калас, која е номинирана да ја води надворешната политика на Европската Унија, има историја на непријателски ставови кон Русија, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Калас, жесток критичар на Русија, официјално е номинирана да го замени Жосеп Борел. Нејзината кандидатура мора да ја одобри новоизбраниот Европски парламент, кој ќе се состане следниот месец, постапка која генерално се смета за формалност.

„Калас е добро позната по своите апсолутно бескомпромисни, а понекогаш дури и гневни русофобни изјави“, кажа Песков и додаде дека Урсула фон дер Лаен, која е предложена за нов мандат за претседателка на Европската комисија „не е заговорник на нормализација на односите на ЕУ и Русија“.

Неколку руски функционери сугерираа дека политиката која ја застапува Калас само ќе доведе до понатамошна ескалација. Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова кажа оваа недела дека именувањето на Калас „ќе го засили нивото лудилото“ во Брисел.

Калас доследно лобираше за санкции против Русија и поголема воена помош за Украина. Под нејзино раководство, Естонија стана првата земја од ЕУ која го одобри механизмот за конфискација на замрзнатиот руски имот и негово користење како „компензација“ за Киев.

Во текст објавен во Њујорк тајмс во 2022 година, Калас повика на „долгорочна политика на паметно зауздување“ на Москва, што вклучува непоколеблива поддршка на Украина, санкции за рускиот извоз на нафта и гас и зголемување на военото трошење на земјите членки на ЕУ.

Естонската политичарка се подготвува да ја преземе дипломатската служба на ЕУ додека блокот се бори да набави повеќе оружје за Украина, а исходот на американските претседателски избори во октомври е далеку од извесен. Брисел ќе мора да се соочи и со пркосот на Словачка и Унгарија, чии влади се скептични кон пристапот на ЕУ во конфликтот во Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ