понеделник, 18 ноември 2024
Прес-конференција на премиерот

Ковачевски: Имаме неповторлива шанса за остварување на европската цел до 2030, ВМРО-ДПМНЕ не смее да блокира

Објавено на

часот

Сподели

„Долг ден беше денес во Собранието, а и овде во Владата. Денес започна процесот на уставните измени со изгласување на дневниот ред. Денес во Собранието стана кристално јасно кој навистина сака Република Северна Македонија да стане просперитетна земја членка на ЕУ , а кој сака да ја блокира европската иднина. Денес се потврди дека единствената идеологија на ВМРО-ДПМЕН е блокада и изолација и тоа проеврпоски ориентираните граѓани нема да го заборават и простат. ВМРО-ДПМНЕ покажа дека немаат никакви аргументи и дека нема идеја за дискусија и дека не водеа дебата. Со огромна леснотија тие покажуваат дека се подготвени да ја блокираат европската иднина на граѓаните. Ако тие не занаат да дебатираат и да аргументираат дома, како да очекуваме дека ќе водат дебата надвор и со меѓународната заедница. Нивната цел е да блокираат и да си ги спасат сопствените политички кариери. Јасно е како ден дека граѓаните сакаат да живеат во Европската унија. Над 80 отсто од граѓаните сакаат да живеат во ЕУ, а тоа го покажуваат сите истражувања. Сакаат децата да им останат дома и тука да ја градат европската унија. Република Северна Македонија практикува европски вредности и заслужува по членството во НАТО да биде полноправна членка на ЕУ. Пред нас е не е неповторлива шанса за потврдување на европскиот пат, забрзување на европските интеграции и остварување на оваа европска цел до 2030 година. Тоа е нашата иднина, интеграција, а не изолација. Сите паметиме како ВМРО-ДПМНЕ гласаше против членството во НАТО. Нема да дозволиме иднината на граѓаните да се блокира од ВМРО-ДПМНЕ. Продолжуваме за да обезбедиме мнозинство да продолжиме по европскиот пат“, рече на прес-конференција Ковачевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери откако веќе немаше никој за дискусија за предложените уставните измени ја прекина седникцата бидејќи, како што рече нема пријавени за дискусија, а продолжението дополнително ќе биде закажано. 

                                                                                                   К.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ