среда, 11 декември 2024

Средба Трајков-Бока, eвроинтеграциите и економската соработка главни теми на разгооворот

Перспективите за проширување на Европската унија и понатамошното зајакнување на стратешката соработка помеѓу Македонија и Унгарија во рамките на пристапниот процес на Македонија кон ЕУ беа темите на разговорот на заменик министерката за европски прашања на Македонија Викторија Трајков со унгарскиот министер за европски работи, Јанош Бока.

Објавено на

часот

Сподели

На средбата во Будимпешта, Трајков и Бока ја истакнаа значајната поддршка што Унгарија ја дава на нашата земја, особено во поглед на европската агенда.
Министерот Бока истакна дека македонската влада, преку спроведување на неопходните реформи покажува силна волја за европските интеграции, а Унгарија е подготвена да ја сподели својата експертиза и искуства за да помогне во тој процес.
Трајков потенцираше дека приоритетот на  Владата е интензивирање на реформите, особено во клучните области како што се владеењето на правото, јавната администрација и борбата против корупцијата.
Таа истакна дека поддршката од земји – членки на ЕУ, како што е Унгарија, е од исклучителна важност за да се забрза пристапниот процес и да се постигнат конкретни резултати. Министерката додаде дека соработката со Унгарија е од голема корист во насока на спроведувањето на европските стандарди.
Покрај разговорите за евроинтеграциите, двајцата соговорници дискутираа и за можностите за зголемување на економската соработка меѓу двете земји. Тие се согласија дека отворањето нови економски можности ќе придонесе за натамошен развој, како и за поголема конкурентност на нашата држава на европскиот пазар.
На крајот од средбата Трајков и Бока се согласија дека соработката и пријателството помеѓу двете земји продолжува и понатаму, а Унгарија останува целосно да ја поддржува нашата земја во својот евроинтегративен пат, соопшти Министерството за европски прашања.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ