среда, 4 декември 2024

Три меморандуми за соработка – резултат на заедничката владина седница на Македонија и Косово

Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски денеска е во Приштина каде се одржува заедничка седница на владите на Македонија и на Косово. По заедничката седница на двете влади, ќе бидат потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области.

Објавено на

часот

Сподели

По официјалниот пречек, се одржа тет-а-тет средба на двајцата премиери, а во моментот се одржува меѓувладината седница, јави известувачот на МИА од Приштина.

Еден од трите документи што треба да бидат потпишани е меморандум за соработка во областа на енергетиката, рударството и минералните суровини, со којшто ќе се дефинираат иницијативи за соработка во полето на енергетиката, гас, јаглен, електрична енергија и на релевантни инфраструктурни проекти за интерконекција за гас и други проектни иницијативи, како и иницирање соработка за испитување на можноста за развој на нова директна врска за гас Република Косово-Република Македонија.

Вторио документ е всушност информација за склучување на протокол за спроведување на Договорот за заеднички гранични премини: „Блаце – Елез Хан“ и „Јажинце-Глобочица“. Со овој протокол се регулира начинот на проверки и царинска контрола, инфраструктурата на заедничките гранични точки, меѓусебно поврзување на системите на гранично управување и начинот на одржување на објектите.

Третиот документ што ќе се потпише е меморандум за разбирање и соработка меѓу Министерството за образование и наука на Mакедонија и Министерството за образование, наука, технологија и иновации на Косово.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ