вторник, 3 декември 2024

ЕУ ги заостри санкциите кон Иран поради неговата поддршка за Русија

Европската Унија соопшти дека ги зајакнала санкциите против Иран, кој е обвинет дека ѝ помага на Русија во војната против Украина со снабдување со беспилотни летала и ракети.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Европската Унија ги прошири своите санкции против Иран поради помошта што Техеран ѝ ја дава на Русија во војната со Украина, соопшти денеска Европската комисија.

Комисијата соопшти дека на списокот со санкции ја додала компанијата „Бродски линии на Исламската Република Иран“ (ИРИСЛ) и нејзиниот директор Мохамад Реза Киабани, меѓу другите.

Новите санкции ги опфаќаат бродовите и пристаништата за пренос на беспилотни летала и проектили произведени во Иран, и технологиите и компонентите поврзани со производството на ова оружје, се вели во соопштението.

Санкциите вклучуваат забрана за каква било трансакција со пристаништата и портите во сопственост, управувани или контролирани од санкционираните поединци и ентитети.

ЕУ, исто така, воведе санкции кон три руски бродски фирми – МГ флот, ВТС брокер и Арапакс – поради транспорт на иранско оружје, вклучително и делови за беспилотни летала, преку Касписко Море за да ги снабдуваат руските војници во Украина.

Во Брисел денеска се одржува состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ