среда, 4 декември 2024
За Бајденовата одлука за долгометните ракети

Кина: Да не се долева масло на огнот

Откако американските медиуми објави информација дека Белата куќа, односно американскиот претседател Џозеф Бајден, ги овластиле Украинците да ги користат долгометните системи АТАКМС за напади длабоко во руската територија, следуваа низа реакции на оваа одлука.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Меѓу првите земји што реагираа беше Кина, а портпаролот на кинеската амбасада во САД одлуката ја нарече долевање масло на огнот.

„Кина се противи на какви било чекори што би можеле да доведат до ескалација на украинскиот конфликт и зголемување на тензиите. Позицијата на Кина за украинската криза е доследна и јасна. Кина е посветена на унапредување на мировните преговори и се противи на какви било чекори што би можеле да доведат до зголемување на тензиите и ескалација на ситуацијата во регионот“, порача амбасадата.

Тие порачаа и дека таквиот потег не придонесува за намалување на тензиите.

„Наместо да долеваат масло на огнот и да поттикнуваат конфликти, релевантните страни треба да се стремат да создадат услови за политичко решение на украинската криза преку дијалог и преговори“, беше соопштено.

Одлуката ја коментираше и претседателот на Венецуела Николас Мадуро.

„Владите на САД, Франција и Велика Британија одобрија употреба на ракети со долг дострел за напад на нашата сестра Русија. Американскиот империјализам влезе во фаза на лудило и одмазда“, рече Мадуро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ