среда, 4 декември 2024

„Проклети да се, имбецили!“, рече Трамп Јуниор за Бајденовата одлука за долгометните ракети

Одлуката на администрацијата на претседателот Џо Бајден да ги укине ограничувањата што ја спречуваа Украина да го користи оружјето што го добива од Вашингтон за напади длабоко во руската територија ја коментираа и луѓето околу новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во дискусија на социјалната мрежа Икс се вклучи и Илон Маск, кој во мандатот на Трамп ќе го води одделот за ефикасност на американската администрација.

На статусите во кои се вели дека „либералите сакаат војна“, Маск напиша „вистина“.

Одлуката на администрацијата на Бајден ја коментираше и синот на Доналд Трамп, кој во порака на Икс остро го искритикува овој потег.

„Се чини дека воено-индустрискиот комплекс сака да се увери дека третата светска војна ќе почне пред татко ми да добие шанса да создаде мир и да спаси животи. Мораат да ги спасат оние трилиони долари. Проклети да се, имбецили“, напиша Трамп Jуниор.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ