среда, 4 декември 2024

Полицаец продавал кокаин, МВР го уапси, обвинителството отвори истрага

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под раководство на јавен обвинител од специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и затворска полиција, беше спроведена акција под кодно име „Ланец“. Во акцијата се уапсени двајца осомничени дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, соопшти попладнево Јавното обвинителство.

Објавено на

часот

Сподели

„Лицата, од кои еднотo e полициски службеник, од месец декември минатата година до денес на територијата на Гостивар, Тетово и Скопје заедно со уште едно, до сега неидентификувано лице, се здружиле и организирале неовластена продажба и пуштање во промет на наркотична дрога кокаин. Дрогата во повеќе наврати ја купувале од НН лица и ја држеле на безбедни локации во Гостивар и Скопје. Откако полицискиот службеник ќе стапeл во контакт со заинтересирани лица кои сакале да набават наркотична дрога кокаин, ја договарал количината и цената. Потоа сам или заедно со некој од останатите членови на групата спакуваниот кокаин во поединечни пакувања со нето маса од по 0,50 грама до 1 грам по пакувања неовластено го пренесувале и продавале. Цената по пакување, зависно од грамажата се движела од 2.500 до 6.000 денари, а паричните средства од купопродажбата осомничените меѓусебно си ги делеле“, соопшти Обвинителството.

Оттаму додаваат дека предметниот јавен обвинител ценејќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, основан страв дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или ќе ги уништат трагите на кривичното дело, ќе ја попречуваат кривичната постапка co влијание врз сведоците, соучесниците или прикривачите, како и поради постоење на особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повторат кривичното дело, до судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување на мерка притвор против двајцата осомничени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ