петок, 13 декември 2024

УЕФА подготвува казни и суспензии за фудбалерите на Косово по скандалот на натпреварот против Романија

Новинарот Емануел Рошу вели дека Европската куќа на фудбалот планира да казни и суспендира фудбалери на Косово по скандалот кој беше направен на натпреварот против Романија во Букурешт.

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот помеѓу Романија и Косово во петокот не го доживеа својот крај и покрај тоа што требаше да се одиграат само уште три минути од судиското надополнување.

Капитенот Амир Рахмани ги поведе соиграчите во соблекувална поради, како што самите подоцна изјавија, погрдни и расистички скандирања на домашните навивачи.

Главниот судија потоа ги повика косовските фудбалери да го продолжат натпреварот, но тие одбија едно вакво сценарио, решија да останат во соблекувалната и да не го одиграат овој натпревар до крај.

Двете страни изминативе денови меѓусебно се обвинуваа кој е виновен за скандалот, а УЕФА отвори дисциплинска постапка.

Како што пренесува новинарот Емануел Рошу, Европската куќа на фудбалот планира да казни и суспендира фудбалери на Косово за гестовите и провокациите по кои настанал целиот хаос во Букурешт.

Останува да се види каква ќе биде конечната одлука на УЕФА, која може да влијае и врз Македонија, со оглед на тоа дека на нашата селекција и требаше кикс на Романците во битка за место во баражот за СП 2026.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ